СИ ПО се шири на рускиот пазар

Bez autora
Oct 11 2011

Македонската фирма СИ ПО од Охрид најавува дека ќе гради Дистрибутивен центар во Русија. Инвестицијата ќе се реализира во Самарската област, која е една од посилните економски зони во Руската федерација. До нашата фабрика СИ ПО купивме околу 20 000 метри квадратни земјиште кое е во непосредна близина на аеродром и автопат и на средина од двата најголеми града во областа, Самара и Тољати. Идеја е ние со проектот да формираме голем Дистрибутивно-административно-деловен центар за македонски производи, кои оттука руските партнери би ги купувале и пласирале на тамошниот голем пазар-вели Богоја Блажески, сопственик на фирмата СИ ПО. Сега се водат преговори со повеќе македонски производители од областа на прехраната, кондиторските производи, виното, текстилот. Од нивната агилност ќе зависел и стартот на проектот, но според најавите до средината на идната година контурите на центарот би биле видливи. Дека се работи за сериозен проект потврда е поддршката која стигна од Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора.

СИ ПО се шири на рускиот пазарМакедонската фирма СИ ПО од Охрид најавува дека ќе гради Дистрибутивен центар во Русија.

Инвестицијата ќе се реализира во Самарската област, која е една од посилните економски зони во Руската федерација.

- До нашата фабрика СИ ПО купивме околу 20 000 метри квадратни земјиште кое е во непосредна близина на аеродром и автопат и на средина од двата најголеми града во областа, Самара и Тољати. Идеја е ние со проектот да формираме голем Дистрибутивно-административно-деловен центар за македонски производи, кои оттука руските партнери би ги купувале и пласирале на тамошниот голем пазар-вели Богоја Блажески, сопственик на фирмата СИ ПО.

Сега се водат преговори со повеќе македонски производители од областа на прехраната, кондиторските производи, виното, текстилот... Од нивната агилност ќе зависел и стартот на проектот, но според најавите до средината на идната година контурите на центарот би биле видливи.

- Дека се работи за сериозен проект потврда е поддршката која стигна од Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора. Ова би требало да биде пилот-проект кој би покажал дека освојувањето на рускиот пазар може да се прави на повеќе нивоа. Едно на меѓудржавно договарање на големи ресурси, а друго со присуство на македонски фирми, кое мора да биде заедничко бидејќи не се моќни сами да ја издржат конкуренцијата на тамошниот пазар-смета Весна Блажеска ПР-менаџер во СИ ПО.

Инаку фирмата СИ ПО од Охрид со години е присутна во Русија. Фабриката за сигурносни појаси на семејството Блажески во Русија прави годишен обрт преку два и пол милиони евра. Инвестицијата за Дистрибутивниот центар нема да биде поголема од два милиони евра, а годишната заработка би се броела во десетици милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik